(ФОТО) ОВА Е НАВИСТИНА ПОДОБРО ОД ПЕПЕЛИШТЕ - музичарите сега се на чисто во Демир Капија
Објавено во: Македонија 19 Март, 2020
Како тече карантинот на 11 граѓани кои се наоѓаат во самоизолација во депандансот Демир Капија во близина на селото Ергеле.
Како што е познато, тие луѓе прво беа во кампот Пепелиште, но откако пред јавноста се пожалија на нехигиена, што беше споделено преку драматично видео, беа префрлени во Демир Капија.
Министерството
за труд и социјална политика денеска соопшти дека во депандансот Демир Капија,
кој се наоѓа во атарот на село Ергеле, во моментов се сместени 11 лица за кои е потребна изолација,
согласно мерките за превенција и спречување на ширење на КОВИД-19.
„Во објектот се обезбедени сите услови за престој на лицата, редовно се доставуваат средства за хигиена, оброците се дистрибуираат спакувани во индивидуални порции, а здравствена заштита е обезбедена од мобилни здравствени тимови. Дополнително, секојдневно се спроведува дезинфекција на објектот“, велат од ресорот за труд и социјала.
Министерството, како што велат оттаму, со поддршка на меѓународните организации, минатата година целосно го реновирале објектот и истиот е пристапен и за лица со физичка попреченост.
„Во редовни услови, овој објект ќе функционира како давател на социјални услуги кои не вклучуваат долгорочно згрижување, како што е одмена на семејна грижа и слично“, велат од труд и социјала.