Добивај вести на Viber
Добредојдовте на најстрашниот пат во светот . Тој се наоѓа на 110 метри височина врз огромна карпа и е единствената врска на едно мало село со остатокот од светот. Патот е долг 1250 метри и минува преку месноста во централната кинеска провинција Хенан , а е ископан во карпата пред 40 години . Тој е единствената врска на жителите на кинското село со остатокот од светот.
На него работеле 14 локални селани без да користат машини - го копале рачно . Пред патот да биде изграден , на негово место имало 720 исклучително опасни скали. Тие биле стрмни , тесни и без огради. Тоа го натерало градоначалникот на селото да почне изградбата , во кој се користиле 4 000 големи чекани.
Патот и денес е широк само четири метри , а на местата каде што се пробива во карпите има височина од едвај пет метри.