29 Април, 2024
0.0244

ФОТО: Отворен индиски ресторан во Скопје

Објавено во: Стил 11 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Во Скопје синоќа е отворен првиот индиски ресторан од ланецот Peacock. Ресторанот е лоциран спроти општина Центар, а ќе нуди разновидно мени со индиски специјалитети. - Ова е само почеток. Планираме да отвориме ресторани во Македонија по истиот бренд, а идејата е да развиеме сосема друг концепт на ресторани. Ова нема да биде обичен ресторан, туку во него ќе бидете дел од една традиција. Одбрано е името Peacock затоа што во превод тоа значи паун - птица која во Индија означува многу, а и кај вас. Името означува елеганција, убавина, уживање. Тоа го нудиме и ние кај нас, изјави Сонали Семвал, менаџерката на Peacock. Peacock е почеток на сосема нов концепт на развој на еден сосема друг сегмент во Македонија поврзан со угостителството. - Идејата да се отвори еден индиски ресторан во Скопје дојде спонтано кога како туристи прв пат го посетивме Скопје и Охрид, во кои воочивме потенцијал за туризам. Всушност она што констатиравме дека Македонците имаат навика  да јадат во ресторани. Така го донесовме индиското кулинарско искуство во Македонија под брендот и стилот на Peacock, а потоа спонтано да се прошири и во „Peacock колеџ за угостителство, рече Прити Чандра, промотор на Peacock.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти