(ФОТО) ОБИКОЛКА НИЗ ТИРАНА: Рама се караше со пензионери
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Март, 2020
Премиерот на Албанија, Еди Рама се караше со пензионери кои излегле надвор да шетаат.
Тој попладнево прошетал на неколку улици и пазари во Тирана, за да ги советува граѓаните да не излегуваат од дома.
„Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде состојбата беше многу позитивна. Проблем се пензионерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение“, напиша Рама.
Во изминатите 24 часа, во земјата, дијагностицирани се 23 нови случаи со „Ковид-19“, со што вкупната бројка на заразени порасна на 146 лица.