14 Мај, 2024
0.0248

(ФОТО) Новогодишна и Божиќна „Елеганција” во домот со Coincasa

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

На самиот праг на месецот на празничната магија, италијанскиот бренд за производи за уредување на домот, Coincasa, ја претстави својата Новогодишна и Божиќна колекција со посебна линија аксесоари што изобилува со стилски, луксузни, уникатни и гламурозни декоративни елементи. Во потрага по најсоодветни мотиви што дополнително ќе ја збогатат празничната и топла атмосфера во домот, најновиот тренд на Coincasa предлага производи што не се карактеризираат со конвенционалните божиќни и новогодишни симболи, што овозможува истите декорации да се користат во текот на целата зимска сезона. Виртуозите за внатрешно уредување, празничната атмосфера ја доловуваат преку главната одлика, „Елеганција”, која што е посветена на прославата и специјалните пригоди. За таа цел се избрани теми инспирирани од планините, планинските куќички и шумата, кои ја зголемуваат топлината и интимноста на домот во зимскиот пејсаж. „Елеганција” во домот е... Сите меки и деликатни неутрални тонови од бела до крем боја, сива и шампањ, и на крај, богата килибарна боја. Материјалите ја имаат бесценетоста и брилијантноста да оддадат почит на прославата. Темите во колекцијата „Елеганција”: „Планинска куќичка” Црвената боја доминира, заедно со белата и зелената и на тој начин се пренесуваат познатите иконографски теми на Божиќ: тартан, срца, бобинки и колачиња со ѓумбир. „Шума” Зелената за високите дрвја, белата за снегот и видовите на дрво ја рекреираат атмосферата на шума населена со животни: мечки, верверици, бувови, елени, претставени во објектите  (декорации за дрвја, фигури, декорации за ѕид, трофеи) или отсликани на марамчиња (дигитални принтови, таписерии и везови). Снежните пејзажи се инспирација за принтови и дизајни на керамиката за маса. „Покер” Темата на модерната маса е посветена на формите и боите на картите за играње: срце, лист, каро и треф со кралот и кралицата и крпи со чаши за чај, кои се комбинираат со едноставните бои црвена, бела и црна. Италијанскиот бренд секогаш на купувачите им го нуди само најдоброто и се грижи нивните домови да изгледаат совршено и да бидат во склад со секоја празнична пригода.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН