17 Мај, 2024
0.0260

(ФОТО): Нов хорор ја потресе Австралија

Објавено во: Свет 19 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Австралиската полиција во градот Кернс денеска пронајде тела на осум деца, на возраст од 18 месеци до 15 години, кои умреле од повреди здобиени од нож, како и една жена која со тешки телесни повреди била пренесена во болница, пренесуваат светските медиуми. Откако полицијата добила повик да провери една куќа во предградието Манора, каде било пријавено дека има тешко повредена жена, полицијата веднаш излегла на терен, но откако пристигнала она што го затекнала било вистински хорор. Во куќата биле пронајдени тела од деца и жена која имала тешки повреди на градите. Жртвата венаш е префрлена во болница и во моментов е во стабилна состојба, оренесува „АП“. „Во овој момент јавноста не мора да биде загрижена за својата безбедност освен што ова е навистина тажен случај“, рекол полицискиот инспектор, Бруно Асникар. Полицијата не сакала да соопшти повеќе информации за случајот, меѓутоа, Лиса Тајдеј, која се претставила како роднина на жената, рекла дека децата биле браќа и сестри, а дека повредената е нивна мајка.   Таа, исто така, навела дека телата во куќата ги пронашол 20 годишен маж, кој е брат на настраданите деца. Улицата во која се наоѓа куќата на злосторството е блокирана за сообраќај, а повеќе десетици полициски службеници се распоредени на местото на инцидентот. Премиерот Тони Абот оценил дека станува збор за злосторство „кое остава без зборови“ и додал дека ова се тешки денови за неговата земја. Веста за оваа трагедија повторно ја потресе земјата откако пред само неколку дена во Сиднеј во една кафетерија вооружен напаѓач држеше 18 луѓе како заложници речици 16 часа. Напаѓачот и двајца од заложниците загинаа по упадот на полициските специјални единици.     avstralija4 avstralija3 avstralija  

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра