02 Мај, 2024
0.0240

ФОТО: Најмалата куќа во Италија – луксуз во 7 квадрати

Објавено во: Стил 18 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Замислете да живеете на само еден чекор од најголемите историски и најромантични места во Италија. Но сепак, во куќа од 7 квадратни метри?! Италијанскиот архитект и дизајнер Марко Пиераци виде голем потенцијал во една напуштена куќа, изградена во 18 век и ја купи. Таа била користена последен пат во 30-тите години на минатиот век. Пиераци го реновираше просторот и почна да го изнајмува. Ја нарече - најмалата куќа во Италија. Куќата располага со сиот потребен мебел, има мала кујна, бања, кревет, телевизор и аудио систем. На масата, која паѓа од ѕидот, да не зазема место, можат да седнат 3-4 лица. По скали се стигнуваме до спалната. Таа лесно може да биде прилагодена и во дневна соба каде се гледа телевизија. Бањата пак е чиста и пријатна, а кујната добро средена. Се чини, оваа куќа е пријатно место за одмор во Рим...