02 Мај, 2024
0.0235

ФОТО: Најлуксузните јахти на светот

Објавено во: Стил 01 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Јахтите се одлично место за летно уживање. Од „Architectural Digest“ ги претставија најверојатните јахти во светот, кои можат да се изнајмат во текот на летото. Еве неколку од нив: Dragonfly Јахтата е изградена од страна на австралиската компанија „Hanseatic Marine“ и е ставена на вода во 2009 година. Внатрешноста е дело на минхенската компанија „Silvestrin Design“. Јахтата е нарачана од германскиот индустриски магнат Гвидо Краш, а нејзиното прво име е „Silver Zwei“. Таа сепак е продадена и преименувана во 2011 година. Внатрешноста дава чувство од 70-тите години со сјајни дрвени орнаменти и бели кожни софи. Јахтата има џакузи и место за хеликоптер. Maltese Falcon „Maltese Falcon“, се смета за најголемата јахта со едра во светот која е изградена во 2006 -та за Американецот Том Перкинс. Јахтата е направена од италијанската компанија „Perini Navi“ и е продадена во 2009 година на грчката милиардерка Елена Амбросиадо, која неодамна почна да ја изнајмува за луксузни патувања. 4YOU Оваа ултралуксозна јахта е направена во 2009 година од страна на холандската компанија „Heeseen Yachts“, а современиот дизајн се должи на „Omega Architects“.Ѕвездената двојка Џеј Зи и Бијонсе беа забележани како се одмараат на јахтата во Средоземното Море заедно со својата ќерка во септември 2012. Beluga 1 Оваа турска јахта е направена во 1998 година, но е целосно реновирана во 2007 година од сопственикот Анушка Хемпел што се занимава со внатрешен дизајн.Јахтата прво ја користеле само сопственичката и нејзините пријатели, но сега се изнајмува за патувања по Јадранското Море. Mariu Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани ја порачува во 2003 година оваа мегајахта од компанијата „Codecasa“. Таа има луксузен ентериер, а нејзините четири нивоа се поврзани со лифт.