02 Мај, 2024
0.0244

ФОТО: Најексклузивните полициски автомобили во светот

Објавено во: Стил 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Од Дубаи неодамна се пофалија со скапи спортски автомобили, кои служат за полициските патрoли. Меѓутоа и другите земји во светот покажаа дека можат да се пофалат со слична егзотика. Проверете некои од најатрактивните полициски автомобили во светот Lamborghini Aventador го возат полицајците од  Дубаи, Италија и Велика Британија Оваа кола има 700 коњски сили, 6.5-литарски В12 мотор и забрзувње до 100 км на час за 2,9 секунди Caparo T1 го возат полицајците во Велика Британија Овој моќен автомобил го возат дел од полициските сили во Лондон. Има 3,5-литарски В8 мотор, 575 коњски сили и добстигнува забрзување до 100 км во час за 2,4 секунди. Porsche 911 - Германија и Австрија Тешко дека ќе избегате од полицијата во Германија или Австрија, ако ве бркаат со овој автомобил. Lamborghini Gallardo LP560-4 патролира по улиците на Италија Оваа убавица има 5,2-литри В10 мотор и 560 коњски сили добива забрзување до 100 км на час за 3,4 секунди, а може да постигне максимална брзина од 323 км на час Cadillac CTS-V - Блумфилд Хилз, Мичиген Неколку вакви автомобили може да видите во Блумфилд Хилз, кое е богато предградие на Детроит. Овој автомобил има 556 коњски сили и В8 мотор. Mitsubishi Lancer Evo X го возат полицајците во Австралија, Малезија и Велика Британија За разлика од многу други автомобили во оваа листа, овој има една голема предност за полицијата, а тоа се 4 врати. Автомобилот има моќ 291 коњски сили и 4-цилиндричен мотор. Jaguar XF - Велика Британија Полицијата го вози овој модел од 2010 година.