14 Мај, 2024
0.0253

(ФОТО) Мулти наградуваната Alfa Romeo 4C конечно пристигна и во Македонија!

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Колата која што ги зема повеќето награди меѓу кои за “Најубава кола на 2014”, со фантастичниот дизајн однадвор и класична изведба на спортски автомобил одвнатре, пристигна во Македонија! Alfa Romeo 4C нуди различни можности за персонализација, како од естетска гледна точка, така и за нагласување на спортската конотација, кои овозможуваат да се задоволат потребите на секој тип на клиенти. Alfa-4C-MK (3) Внатрешниот изглед е како од книгите, со мал, централно поставен агрегат и исклучително лесна каросерија, кои овозможуваат невидена динамика и забава во возењето. Alfa-4C-MK (12)Помалку од 4 метри должина, 2 метри ширина и 118 cm висина. На Alfa Romeo4C не се смели само димензиите, туку и проектниот избор: решено беше да не се оди до крајност во моќноста, туку да се намали тежината. Ниската маса на автомобилот најавува и супер забавно возење, со промени на правецот карактеристични за картинг автомобилите. Alfa-4C-MK (6)Преведено во бројки, моторот е турбо бензинец со зафатнина од 1.75 литри и максимална сила од 240 КС. Силата се пренесува на задните тркала преку 6-степениот TCT менувач со две спојки, додека масата на возилото изнесува перо – лесни 900 kg. Благодарение на ова, забрзувањето до стотка трае само 4,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 258 km/h. Во секој случај, 4С е автомобил кој мора да се види, па сите заинтересирани за добро плакнење на очите, ве советуваме да побрзате и да го посетите салонот на Alfa Romeo во Скопје!

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН