15 Мај, 2024
0.0260

Фото: Масовна венчавка во Белград, учествуваа 222 двојки

Објавено во: Стил 18 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во центарот на Белград денеска по 15-ти пат се одржа масовна венчавка - „Свадба за мечтаење“, на која во брак стапија рекорден број на двојки - 222.

Двојки од сите краеви на Србија, но и од САД, Канада, Австрија и поранешните југословенски републики, се одлучија да го кажат судбинското „да“ пред Стариот дворец.

Манифестацијата традиционално се одржува под покровителство на Собранието на градот Белград, а на младенците среќа им посака и градоначалникот на Белград Драган Ѓилас.

Претседателот на организацискиот одбор Милан Кркобабиќ истакна дека оваа манифестација претставува важен настан за градот и дека ова е „најголемата српска свадба“.