18 Мај, 2024
0.1221

(ФОТО) Купете си куќа со приватна плажа во Норвешка само за пет пени!

Објавено во: Стил 18 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Куќа во Норвешка со приватна плажа која се наоѓа на мирен рид сега е на продажба по цена од само пет пени.

Меѓутоа постои само еден услов за потенцијалниот купувач, а тоа е дека тој мора да се фокусира и да вложи напори во обнова на својот имот како истата куќа повторно би ја стекнала старата слава.

На островот Буоја на работ на поларниот арктички круг се наоѓа оваа градба која е ненаселена од 1970 година, кога за последен пат станарот живеел овде. Иако куќата е целосно уништена, погледот е неверојатен, а околината изгледа фантастично.

-Се надевав дека некако ќе ја поправам, ама тоа никогаш не се случи. Вистинска штета е што толку убав имот се распаѓа денеска и да никој нема корист од него -рекол Кент Карлсен во чии раце е оваа куќа.

Тој додава дека не сака да ја продаде куќата на некој кој исто така ќе ја занемари, туку ја понудил ниската цена како би се уверил во тоа дека новиот сопственик ќе и го врати стариот сјај со реновирање и одржување. Секако, неопходна е желба и страст за да се доведе ова место во ред.

Сопственикот објаснил дека ќе донесе одлука за вистинскиот купувач тогаш кога добро ќе ги разгледа сите понуди и кога новиот сопственик ќе го убеди дека тој е вистинскиот.

Despite_the_house_needing_extensive_repairs_the_landscape_views_-a-34_1426508945282

CEN_IslandHouse_08.jpg

The_current_owner_describes_the_house_as_an_exciting_project_and-a-37_1426508997055 The_house_is_located_on_the_uninhabited_island_of_Buoya_on_the_f-a-35_1426508976651

Jeftina-kuca-Norveska-1