28 Април, 2024
0.0307

ФОТО: Колку чини да си изнајмите приватен остров во моментов!?

Објавено во: Стил 22 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Услугата „ексклузивен одмор" на приватен остров се почесто се нуди  од голем број специјализирани сајтови од целиот свет. Приватниот остров е синоним на статус и луксуз. Излегува сепак, дека и во оваа индустрија има неочекувано добри предлози. Колку чини да се изнајми остров во топ сезона? Ајде да видиме неколку предлози! Малиот остров Кавала, во близина на брегот на Франција  е единствениот пуст остров околу корзикански брег. На него можете да изнајмите луксузна резиденција од 120 квадратни метри со две спални, сите удобности и дизајниран мебел. Цената почнува од 330 евра на ден. Приватниот остров Исла дел Кастиљо дел Бургило, до бреговите на Шпанија нуди забава за водни спортови и пловењето. На него има замок, кој се наоѓа меѓу природен парк, прогласен како посебна зона за заштита на птиците. Малку подалеку од замокот е другото обележје на островот - костеновата шума стара повеќе од 100 години. Недела на овој остров чини 2 800 евра, а ако сакате да сте сами на островот тогаш ќе Ве чини 1 500 евра на ден за целиот остров. Сосема блиску до нас, на брегот на Хрватска, исто така се нудат острови за изнајмување. Со цена на ноќевањата од 500 евра и 1 500 евра за целиот остров, таков е Палагруза, во близина на Сплит, во Јадранското Море. Не многу најдалеку од крајбрежјето има светилник, кој датира во 1875 година,од кој се открива прекрасен медитерански пејзаж. Островот е природен резерват. Спитбанк Форт е приватен остров, во близина на Портсмут, Англија. Необичниот остров чија историска тврдина беше реновирана за неколку милиони фунти и сега располага со луксузни спални, три барови и уште толку ресторани, топол базен, камин и сауна. Ноќевање на островот чини 1.000 фунти на вечер или 5000 фунти за да го најмите зачувате островот само за вас. Поскапо и престижно е на Малдивите, но бидејќи во моментов архипелагот не е во топ сезоната, за најмување на раскошните вила на приватниот Коко Прајв треба 10 000 долари на ноќ. За станарите има пространи луксузни соби, дневна соба и трпезарија, џакузи, коктел бар, винарска визба и дури библиотека.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти