(ФОТО) Каква слика остави зад себе земјотресот во Црна Гора?
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2018
На магистралниот пат Колашин-Бело Поле во Црна Гора дошло до прекин на сообраќајот поради камења на патот, по земјотресот кој денеска ја погоди земјата.
Надлежните служби велат дека сѐ уште немаат информации за одроните, а мештаните за црногорските медиуми велат дека камењата постојано паѓаат.
Земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе Црна Гора денеска, а веднаш потоа следуваа и други послаби потреси.
Оштетувања има и на оџаците на куќите. Има и семејства кои поради оштетувања ќе мора да ги напуштат куќите.
Земјотресот создаде паника во неколку градови и во Подгорица, а истиот е почувствуван и во соседните земји.