02 Мај, 2024
0.0277

ФОТО: Ќерката на Бил и Хилари Клинтон купи модерен стан во Њујорк

Објавено во: Стил 16 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Челзи Клинтон, ќерката на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон и нејзиниот сопруг си купија нов стан во Њујорк за 10.5 милиони долари, пишува „New York Post“. Договорот за станот со површина 464 квадратни метри бил потпишан минатиот месец, пишува весникот. Станот има четири спални соби и 6 бањи, а дневната соба нуди неверојатна глетка кон Медисон сквер парк. Петкатната зграда „Whitman“ во која се наоѓа станот, има по само еден стан на секој кат. Според весникот минатата недела поранешниот претседател на САД Бил Клинтон и поранешниот државен секретар Хилари Клинтон биле задоволни од новиот стан на Челзи, а за да проверат како се движат работите околу реновирањето цел ден поминале со градежните работници во зградата. Еве каков стан избра ќерката на Бил и Хилари Клинтон: