02 Мај, 2024
0.0266

(ФОТО) Исповед на едно куче: Одете вие, јас сум добро!

Објавено во: Стил 18 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Многу мачиња и кучиња исчезнаа во водената стихија која што ја зафати соседна Србија и регионов и единствено што можеме да се надеваме е дека некои од нив успеале да се сокријат на безбедно.

На „Фејсбук“ наидовме на овој тажен текст, кој сигурно ќе ве растажи.

Го пренесуваме во целост.

Колку среќен пес сум јас! Имам прекрасна куќа со преубав двор. Имам сопственици кои ме обожаваат како и јас нив. Се би дал за нив. Животот би го дал само нив да им биде добро.

Тоа се прекрасни луѓе, мама Славка, татко Ѓуро и нивната прекрасна ќерка, а мене најомилена ми е младата сопственичка Ана. Таа е добро девојче, мама вели дека вчера наполнила 3 години. Баш бавно расте! Ние кучињата повеќе растеме за 3 години.

Мене ме викаат Чупко, велат дека сум некоја мешавина од ретривер и имам 3 години, но сум некако поголем од Ана. Мама Славка и тато Ѓуро ме пронајдоа  кога бев многу мал, велат дека ме нашле во контејнер. Не знам што е тоа, но по зборот би рекол дека тоа е некое грозно место, бидејќи велат дека сум бил многу нечист, смрдлив и грозен. Оттаму ми е и името Чупко.

Кога јас дојдов во нивната преубава куќа со прекрасен двор, они веќе ја имаа Ана, но беше многу мала и замотана во некои бели крпи. Баш ја засакав. Одраснавме заедно, додоуша таа нешто ме заоставува, али нема врска , ЈА ОБОЖАВАМ!

Нашата куќа исто ја обожавам, прекрасна е, широка, секогаш има храна и имам убав кревет во дневна.

Чекајте, морам ова да го слушнам!!! Извинете што ја прекинувам мојата приказна! Мама и тато го слушаат оној голем апарат од кој зборуваат луѓето.

Уплашени се! Што се случува???

Дотрчав до нив, мафтајќи со опашот да ги развеселам, но благо ме оттргнаа и рекоа?„Не сега Чупко“.

Можеби се лути бидејќи дожд паѓа веќе 2 дена, па кога излезам надвор, им донесам и малку кал во куќата?

Не, не е тоа, гледаат кон прозорецот, излегуваат и влегуваат во куќата, престрашени се! Што се случува? Сакам да помогнам!

Почнуваат да бараат некои работи по куќата, се облекуваат, па и Ана ја облекуваат. Еве ме викаат да одам со нив на спрат, можеби сепак можам да им помогнам. Се качуваме, нешто се слуша позади мене...се вртам. Откаде вода во куќата?!

Сега сме на катот горе, мама телефонира, Ана почнува да плаче. Изгледа е нешто сериозно!

Мислам дека водата која влегува долу во куќата е проблем.

Мама стои на терасата и чека нешто. Тато ја држи Ана и ја теши, вели се ќе биде добро!

 Еве не довикува и ние да одиме на тераса. Истрчувам со нив. Некој чамец стои покрај прозорот и некои луѓе внатре.

 О Боже колку вода! Па зарем ние не сме на катот горе?

Ги слушам луѓето од чамецот:„Мора сите да го напуштат Обреновац, но тој не може, таква е наредбата“!

Ова мора да го слушнам. Сега мама вреска: „Ве молам, ве преколнувам, да го земеме и него. Ве молам!“, почнува да плаче.

Ана вришти, додека тато се обидува да ја смири ситуацијата. Им вели на луѓето„:Добро, ако не можете да го земете и него со нас, нема да идеме ниту ние. Земете го само детето“!

„Штоооо? Трчам кон тато, го допирам со шепата, тој се наведнува...му гледам солзи во очите.

Сфатив се! Го фиксирав погледот во тато и му пренесувам со очите зборови:„Одете вие, ве молам, потребни сте и на Ана, ве молам, јас сакам да одите! Не грижете се за мене, ќе останам, ќе пливам и ќе се обидам да се спасам!

Ги туркав кон чамецот. Сфатија! Солзи им течеа низ очите.

„Знам, се , знам и вие ме сакате мене. Ве сакам и јас и затоа сакам да одите, немојте да се грижите за мене. Јас ќе бидам среќен ако знам дека вие сте добро“.

Влегоа сите во чамецот, а јас сам останав на тераса. Звук на моторот од чамецот се оддалечи.

Уффф, баш е тивко!

Го слушам само своето дишење. Уффф, шепите ми се веќе во вода. Ќе чекам уште малку, што да правам?

Одам да се најадам, ми оставија храна во собата. Да го изедам тоа, додека не дошла вода и таму.

Јадам, ама не ми е вусно баш.

Уффф, еве вода и во собата, веќе ми дојде до стомакот.

Не вреди, уште малку ќе почекам, но морам да се припремам да се обидам да пливам некаде, секако ќе излезам низ терасата која е отворена.

Почнав да пливам. Одам!

Уффф, пливам и пливам веќе кој знае колку, но нигде не гледам да застанам на суво, сегде само вода.

Како е тивко на сите страни...чекај, чекај...слушам некој лаеж...некој вика помош.

Еве ги гледам! Па тоа се моите другари од соседството Лаза, Пепи, Луња и Дороти!

О Боже, па тие се затворени во боксови. Дороти е покрај куќата, но врзана со ланец!!!

Јас не можам да ги пушам, не можам да им помогнам, па тие не можат да избегаат, ќе се удават!!!!

Мора да им се удавиле сопствениците, пред да ги ослободат нив! Не вреди морам уште да пливам, а веќе се гледаат само крововите на куќите.

Повторно таа страшна тишина, ни мува не се слуша.

Ладно ми е. Аууу баш ми е ладно...шепите ми се вкочанија...мислам дека нема да успеам.

Важно мама, тато, и Ана се на сигурно...уф, тоа е најважно, сега сеедно ми е, спокоен сум.

Боже, каква тишина... Мрак падна, ништо не гледам...

Но веќе не се помрднувам...не можам...

Ана, Славка, Ѓуро, толку сум среќен што се добро. Бевте прекрасни, ви благодарам за се. Се надевам дека ви се оддолжив за добрината кон мене, кога ме спасивте...сега имам прилика да ви возвратам. Ве сака вашиот Чупко!

Сепак, мислам дека ме уби само тишината! Ве сакам!

Напишано во спомен на сите загинати животинки во катаклизматичната поплава во Србија, Република Српска и БиХ во мај 2014

Автор: Милица Петровиќ

Текстот е преземан од сајтот мондо.рс