Добивај вести на Viber
И олфицијално на веб странатса на Министерството за внатрешни работи, во делот за потраги, осамна името на екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.
„Сашо Мијалков
Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК - КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело - „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ“, се вели во потерницата од МВР.
Оттаму најавија дека ќе бараат и судот да распише меѓународна потерница за Сашо Мијалков.