(ФОТО) Град кој нема ниту една река, а има 17 мостови
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2017
Во овој град се градени мостови над празни корита, затоа што река нема.
Мал е бројот на градови во Србија каде нема река, а уште помал на оние кои имаат 17 мостови, а немаат река.
Поточно само еден град може да се пофали со вакво нешто, а тоа е Вршац.
Над малиот поток Мешиќ кој тече во должина од 4 км, има 17 мостови, а повеќето се градени пред два века.
Некои од мостовите се убави архитектонски зданија, а други се запуштени.