18 Мај, 2024
0.0281

ФОТО ФИНИШ ЗА ВЛАДАТА: Оптимизмот расте, тешкото доаѓа!

Објавено во: Економија 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Гломазна и партизирана администрација, партизирано судство, празен буџет, висок јавен долг и сиромаштија – новата Влада ја чека тешка задача во сите сфери од општеството, оценуваат политколозите. Дали новиот владин состав има квалитативен капацитет да одговори на предизвиците и реформите? Дел од политиколозите сметаат дека изборот на партијата носител на Влада, СДСМ, има напредок во кадровските решенија. Но, забелешки има за изборот на кадрите од коалицискиот партнер ДУИ, за дел од кои политколозите имаат сомнеж дека имаат капацитет да одговорат на потребите и политиките.

„Прво е многу важно што веќе имаме договор за нова Влада значи почнува една нова ера. Реално гледано министрите од СДСМ се добри професионалци познати личности. За разлика од едниот коалициски партнер кај кој верувам дека од внатрешно политички односи произлегоа и имиња кои претпоставувам дека нема да имаат некој капацитет за да одговорат на постојните состојби. Но, тоа може да се поправи ако се има јасна визија и концепт што треба да се прави. Ако се има професионален пристап кон проблемите може да се доекипираат. Мислам дека во голем мера министрите одговараат за позициите на кои се ставени. Но тоа и не е основната цел многу е важно кабинетите да се доекипираат со стручни и научни луѓе, кои ќе бидат дел од креациите на политиките и од реалното извршување. Министерот може да е и нобеловец, но ако нема добра екипа ништо нема да успее. Претпоставувам дека екипно ќе се пристапува кон проблемите дури и на местата каде што мислам дека има несоодветни кадровски решенија. Но, една работа има политичка и морална димензија, ако сте биле дел од екипата во едно друго време, значи не можете да имате морално право да бидете дел од екипата која ќе ги санира тие состојби во кои сте биле дел“, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали.

Во јавноста дел од забелешките за владиниот состав се главно насочени на име ДУИ, каде како кадри влегоа пораншениот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, екс министерот за земјодeлство и градоначалник на Липково, Садула Дураку и Хазби Лика. Дураку и Лика беа и истaкнати членови и на ОНА. Од кадарот на СДСМ, најмногу реакции предизвика името на Кочо Анѓушев, а изненадување е и поставувањето на Горан Сугаревски.

Новиот владин кабинет предводен од мандатарот Зоран Заев, брои 24 министри, од кои 17 од СДСМ, шест по предлог на ДУИ и два по предлог на Алијансата за Албанците. Од овие 24, седум се министери без ресор.

Токму бројноста на министерите беше критикувана во јавноста, оти се очекува владинот состав да има помалку министри.

„Бројчано владиниот состав е можеби превисок, но тоа е за да се задоволат апетитите на одредени политички партии. Сепак сметам дека тоа нема да биде проблем ако се има добра стратегија, квалитативно да се одговори на потребите.

Според универзитетскиот професор Ненад Новковски, поголемиот дел од новите министри одговараа за ресорите во кои се поставени, но порачува дека нивната работа треба да се следи и оценува какви резултати ќе даваат во однос на остварување на планираните политики.

„Имаме министри од повеќе партии,  не знам колку може да бидат тие моторна сила. Во поглед на кадровските решенија на СДСМ се забележува суштински исчекор во однос на она што беше ВМРО ДПМНЕ. Но, поголем дел од старите партнери што претходно беа во Владата носат некои дел што можат да ги носат работите „надолу“, не професионално туку поврзано со поранешните практики кои ги имале. Во поголем дел кадрите одговараат на позициите на кои се поставени. Овој состав, во тие делови коишто најмногу влечат, ветува дека може да направи сериозен исчекор. Она што прво треба да се направи е да се тргне во вистинската насока, потоа ќе треба да се валоризираат резултатите на сите министри што сега ќе дејствуваат, оној што нема да даде резултати да се смени, и понатаму сите другите промени да се прават врз основа на постигнувањата“, вели универзитетскиот професор Ненад Новковски.

Политиколозите укажуваат дека чекорите на новата Влада во поглед на реформите ќе бидат набљудувани и од меѓународната заедница.

„Мислам дека меѓународната заедница силно ќе ја поддржи оваа Влада, оти Македонија не е само внатрешен туку и регионален проблем. Значи дека ако реформите и понатаму тапкаат во место и не се спроведуваат може да биде лошо за целиот регион. Затоа мислам дека и меѓународната заедница и Зоран Заев со екипата максимално ќе се залагаат за да тргне процесот, инаку ќе биде многу тешко. Од друга страна и луѓето се навикнати на еден клиентелизам и корупција, значи ќе ни треба и колективно заздравување, психичка терапија да се вратиме во нормала. Многу тешки задачи ја чекаат новата Влада во сите сегменти, образование, здравство, социјала, економија и финансии, интеграции, се е лошо“, вели Биљали.

Денеска почнува седницата за избор на нова Влада. Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев изјави дека до утре навечер ќе биде изгласана новата влада и дека прво на дневен ред ќе биде укинување на екстерното тестирање. Идниот премиер посочи дека се подготвени околу 30 закони од повеќе области кои ќе бидат приоритет на новата влада, а во насока на подобрување на животот на граѓаните и владеењето на правото. Дополнително, неговиот правен тим ги подготвува барањата за проверка на министрите во новата Влада, поточно дали против некој од нив се води истрага во Специјалното јавно обвинителство.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа