Според податоците од веб сајтот „Glassdoor.com“, Фејсбук е по втор пат во три години избран како најдобар работодавец на светот, а доби оценка 4,7 на скалата од 1 до 5, што значи дека вработените се многу задоволни.
Вработените во оваа компанија ја опишуваат нивната работна средина како забавна и продуктивна, а во еден од коментарите стоело и дека добро е да се работи во Фејсбук, бидејќи тоа дава можност да работите на еден производ кој влијае на милиони луѓе.
Фејсбук зад себе во второто место ја остави компанијата „McKinsey & Co“. Трета пак е „Riverbed Technology“.
Најголем пад на листата имаат искусните Старбакс кој од 34-то паднаа на 50-то место, како и Епл кој падна од 10-тото место лани на 24-то годинава.
Гласдоровата листа е составена врз основа на анонимни коментари вработените и нивна оценка на компанијата.
Во продолжение, еве дел од работната атмосфера во Фејсбук.
КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?