02 Мај, 2024
0.0265

Фото: Девојка од Ужице која чита наопаку

Објавено во: Стил 16 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Светските медиуми се заинтересирани за Бојана Даниловиќ од Ужице, девојка  која гледа се наопаку. Според пишувањата на медиумите сцетот на оваа млада девоја е свртен наопаку, поради феномен. Ретката грешка во начинот на кој нејзиниот мозок ја обработува сликата е причина за овој феномен со кој живее дваесет и осумгодишната работничка во локалната самоуправа. Научници од Институтот за технологија од Масачусет и Харвард во САД, нејзината состојба ја опишуваат како феномен во просторната ориентација. Интересен е и фактот што таа во својот дом има и посебен телевизор свртен наопаку. -На некому ова  би му било чудно, но за мене е сосема нормално – изјави Даниловиќ. Ми рекоа дека виделе луѓе кои пишуваат како јас што гледам, но никогаш не виделе случај како мојот – вели таа.