03 Мај, 2024
0.0240

ФОТО: Десетте „тајни“ туристички дестинации

Објавено во: Стил 17 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Икарија наместо Ибица и Лодз наместо Лондон: ако сакате да избегнете толпи со туристи на одмор и да ја почувствувате навистина посебноста на патувањето, треба да избегате до помалите населени места, надвор од туристичката рута. Ова се десет „тајни“ дестинации во Европа, кои се исклучително убави и сеуште не се збришани од толпите со туристи. Остров Луис во Шкотска Далеку во Северното Море се наоѓа остров Луис - мал остров, сеуште е како посебен свет. Плажа се како Карибите, но водата е ладна. Се зборува на келтски. Посетителите можат да рибарат или да отседнат во „Auberge Carnish“ каде нудат вкусна храна и прекрасен поглед на целиот залив. Ист Англија - Велика Британија Универзитетот Кембриџ се наоѓа во срцето на областа Ист Англија. Во покраината ќе најдете села со сламени куќи и ветровитите улици, населени со стадата овци. Треба да ги посетите античките градови, 640-те средновековни цркви на Норфолк и се разбира областа каде што кралското семејство од генерации оди на одмор. Иле де Ноармутие- Франција Местото импресионира со својот животински и растителен свет по плажите и во шумата. Само четири часа со воз од Париз, таму може да се почувствува мирисот на мимози и да набљудувате убави бели јахти. Овој остров е рај за децата, кои можат да си прават свои излети и да по посетат аквариумот или природниот парк. Тичино - Швајцарија Лугано Престолнина на Тичино, е духовен дом на италијанските Швајцарци. Таму има ресторан со ѕвезда Мишелин (the Galleria Arté al Lago) и езерото Комо. Во Тичино можете да правите прошетки, да возите велосипед, па дури и скијата кога времето ќе дозволи. Форментера - Шпанија Балеарските Острови  се познати главно бидејќи се до соседниот остров Ибица. Куќите на плажа се забранети, па затоа и клупската сцена не е толку развиена, така што посетителите можат да уживаат во  плажите, палми и пријатни зајдисонца. Матера - Италија Најубав град со стара архитектура - се уште е непознат за поголемиот дел од туристите. Режисери како Пјер Паоло Пазолини и Мел Гибсон сепак го почитуваат со децении, а Френсис Форд Копола ќе го отвори наскоро својот шести хотел. Во 50-тите години е населен од уметници и хипиците, а во 1993 година најстариот град станува дел од објектите на светско наследство на УНЕСКО. Лодз - Полска Го викаат „Манчестер на истокот"  и е индустриски град, трет по големина во Полска коиј стана познат по својата култура. Таму има уметност насекаде и во сите форми. Сите патишта водат неизбежно до Manufaktura, огромен индустриски објект од 19 век, во кој има музеи, кина, продавници и барови. Берген - Холандија За уметниците и писателите Берген е инспирација. Денес сè повеќе богаташи доаѓаат во оддалеченото на 45 минути од Амстердам гратче и создаваат малку поинаква атмосфера. Но не мора да имате луксузен одмор таму, бидејќи можете да ја најмите било која од нестандардните вили за неколку стотици евра месечно. Езерата Ферманаг - Северна Ирска Северниот езерото област Ферманаг се наоѓа на околу два часа возење од Белфаст или Даблин. Таму ќе најдете замоци од 17-ти и 18-ти век, магливо езера со поглед на далечните планини, а вистинско ирско искуство ќе добиете при посетата на Crom Castle, историското седиште на грофот Earl of Erne. Икарија - Грција Поради својата оддалеченост (шест часа со ферибот од Атина) на островот Икарија можете да ја видите целата убавина на Егејското Море, без да бидете опкружени со туристи. Островот нуди чист воздух, кристално сини води и раскошни храна - можеби заради нив жителите на Икарија живеат невообичаено долго.