29 Април, 2024
0.0248

(ФОТО) БЕГСТВО ОД ПЕКОЛОТ: Рудари во Австралија подигнаа град под земјата поради жештината!

Објавено во: Свет 29 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Градчето Кубер Педи во јужна Австралија е едно најчудните места на планетата-целиот е сместен под земја, и тоа во стари тунели на рудник.

Температурите на површината се пеколни - во зима околу 35, а во лето дури и 50 степени Целузиусови-па рударите сфатиле дека им е подобро од жештината да побегнат во рударските тунели кои веќе не се употребуваат. Тука направиле домови за семејствата, а под земјата имаа барови, ресторани, како и пет цркви.

Магична црква

Градот е основан уште во 1915 година и се смета за светска престолнина на скапоцениот камен опал. Токму поради тоа што опалот донесува фина заработка, градот не е сиромашен, а становите, иако направени во тунели имаат се што и модерните станови ширум светот.

„Во Кубер Педи дојдов случајно-додека возев кампер во пустината, и на сред недоглед ми пукна гума. Додека ја менував гумата, забележав реклама со натпис „подземен бар“. Решив да видам што се наоѓа под земјата и тука наидов на неверојатна православна црква. Прошетав по црвениот тепих на тоа место за богослужба и почуствував нешто надреално и магично.  Никој не беше внатре, но гореа осум свеќи и сето тоа беше беспрекорно чисто. Сфатив дека тука има православни граѓани и решив да ги запознаам, да го сфатам ова градче“, раскажува Тамара Мерино, италијански фотограф.

Месечева површина

Како вели, одлучила во градот да помине некое време.

„Кубер  Педи на прв поглед те лаже. Изгледа како град на духовите. Меѓутоа, не е така, местото е мистериозно и мрачно, но истовремено е светло и преубаво. Сепак, луѓето се прилично затворени и требало време да се навикнат на мене и да се отворат. Во првите пет дена лутав низ улиците на површината и не сретнав ниту една личност, дури во шестиот ден ја запознав Германката Габи , која тука се доселила шест години претходно и која ме запозна со овој нов свет“, објаснува Мерино.

Како што вели, очите брзо и се навиканле на животот под земјата.

„Површината на градот неверојатно наликува на Месечева површина, нема ништо освен песок, а под земјата се води неверојатен, фасцинантен живот.

Жители-Од Абориџини до Грци и Срби

Во градчето Кубер Педи, според пописот има само 1 965 жители, а меѓу нив најмногу се Австралијанци, па следат Грците, Англичаните, Германците, Срби и Хрвати како и Абориџини. Православците се меѓу најбројните верници и ги има 162, додека католици има 318. Сепак, во тунелите под австралиската пустина има најмногу атеисти-344.

Снабдевање

Водата патува 240 километри

Најголем проблем за живот во старите рударски тунели е снабдевањето со вода, но и тоа е решено-течноста која дава живот стигнува во Кубер Педи од подземен извор оддалечен 240 километри од самиот град.


Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

АКО НЕ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ТОГАШ КОЈ: Седум имиња во трка за прв човек на Европската комисија?

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа