04 Мај, 2024
0.0257

ФОТО: 17 идни кралски престолонаследници

Објавено во: Стил 10 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Велика Британија доби нов принц и темата за монархијата повторно е на дневен ред. Во продолжение Ви ги преставуваме 17-те  млади луѓе кои го чекаат својот ред за престолот: Принцезата Сиринавари Нариратана од Тајланд Таа има 26 години. Завршила факултет по ликовна уметност и често е забележан на модните ревии. Во моментов е дизајнер на сопствена марка, која се продава во Азија. Принцот Карл Филип, Шведска Тој има 34 години и е трет по ред претендент за престолот. Додипломски студии зема на шведскиот универзитет за земјоделски науки, а пред тоа бил во војска. Сака да скија, има тркачки автомобили и се занимава со графички дизајн. Принцезата Шарлот Мари Помелин Казираги од Монако 26-годишната принцеза Шарлот е четврта по ред претендентка за престолот на Монако. Таа е внука на Принцот Рение и Грејс Кели. Таа е многу добра во јавањето и признат активист за човечки права. Принцезата Леонора од Шпанија 7-годишната Леонора е најголемото дете на Принцот Фелипе и принцезата Летиција. Таа е втора по ред претендентка за круната по татко и. Освен ако не добие брат, таа ќе биде идната кралица на Шпанија, според законот. Принцот Хаџи Абдул Азим од Брунеи Тој има 31 години и е првото дете на султанот на Брунеи. Татко му го испрати во 9-месечен тренинг курс на Воена Академија , но тој издржа таму само една недела. Принцот претпочита да оди на забави. На забавите организирани од него често доаѓаат познати личности како Линдзи Лохан и Памела Андерсон. Принцеза Сиканисо од Свазиленд Има 25 години и е ќерка на Кралот Мсуати Трети. Монархијата во Свазиленд е една од последните постоечки апсолутни монархии во светот. Принцезата е позната по тоа дека се држи прилично неконвенционално - имаше неколку искази против полигамијата, носи западни облека, па дури и има желба за кариера во хип-хоп музиката. Во моментов, таа учи за дигитални комуникации на Универзитетот во Сиднеј. Принцот Алберт Андреа Пјер Казираги од Монако Тој има 27 години и е внук на Принцот Рение и Грејс Кели. Тој во вториот по ред претендент за круната. Има диплома од Американскиот универзитет во Париз и магистерски по Меѓународни односи од колеџ во Њујорк. Зборува англиски, италијански, француски и германски. Принцезата Катарина Амалија од Холандија Има 9 години и две помали сестри - принцеза Алексиа и Аријана. Принц Амадео од Белгија 27-годишниот принц е 7 -ми ред во редот за тронот. Тој е син на Принцезата Астрид и Принц Лоренц и е најголемиот од 5 деца. Во вените му тече крв од кралските семејства на Австрија, Белгија, Италија, Франција, Шведска и Шпанија. Неговото целосно име е Амадео Мари Џозеф Карл Пјер Филипе Паола Маркус д'Авиано. Тој е резервен офицер на Белгиската армија. Шеикот Хамид Бин Мохамед Бин Рашид Ал Мактум од ОАЕ Тој е вториот од вкупно 23 деца. Принцот е и поет, дипломирал на воената академија, а потоа учел во London School of Economics. Тој е талентиран велосипедист. Сака скокови со падобран, автомобили, јавање на камили и навигација. Принц Хенри од Велс Тој има 28 години и е четврти по ред претендент за тронот на Велика Британија, рангиран веднаш по бебето на Кејт и Вилијам. Тој е вториот син на Принцот Чарлс и принцезата Дијана. Принцеза Беатрис Елизабет Мери од Јорк Беатрис има 24 години. Таа е шеста по ред кандидатка за престолот и прва од жените. Ќерка е на Принц Ендрју од Јорк и Сара Фергусон. Завршила историја на Универзитетот во Лондон. Позната беше и со ексцентричната шапка, која ја носи на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Принцот Феликс Леополд Мари Гилом од Луксембург Тој има 29 години е и е втор по ред за престолот на Луксембург. Зборува француски, англиски, германски , а учи шпански и италијански. Принцеза Теодора од Грција и Данска 30-годишната принцеза Теодора е најмладата ќерка на Кралот Константин Втори (принц на Грција) и Принцезата Ана-Мари од Данска. Освен принцеза на Данска, таа е фаворит број 350 за британскиот престол. Завршила театарски уметности во Brown University. Во 2010 година се пресели во Лос Анџелес, за да учи кинематографија. Принцезата Ингрид Александра од Норвешка Има 9 години и единствено дете на Принцот Хакон. Во декември 2009 година, само на 6-годишна возраст принцезата го имаше првиот јавен говор. Дон Фелипе де Марикалар и Борбон од Шпанија Дон Хуан Фелипе Фроилан де Тодос лос Сантос де Марикалар и Борбон сега има 15 години и е петти по ред за престолот на Шпанија. Принцезата Маделин од Шведска Таа има 31 години е 4-та по ред за престолот на Шведска. Неодамна се омажи за Кристофер О'Нил, финансиер од Њујорк.