29 Април, 2024
0.0321

ФОТО: 10-те најскапи луксузни имоти во САД!

Објавено во: Стил 02 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За пазарот на луксузни имот во САД 2012 беше доста добра година. Скапите имоти ги купуваа извршните директори на големите компании, финансиските магнати, но и славните личности. Погледнете кои беа 10-те најскапи имоти продадени лани во земјата на неограничените можности: 10. Имот во Мајами за 47 милиони долари Имотот кој се простира на површина од 2787 метри квадратни, во близина на Мајами се продаваше по цена од 60 милиони долари. Во договор со непознат странски купувач беше постигната спогодба склучена на доста пониска цена. 9. Ранч во Аспен, Колорадо за 49 милиони долари Во јуни менаџерот Џон Полсон плати 49 милиони долари за ранч во Аспен. Тој првично беше ставен на продажба за 135 милиони долари. Продавачот е саудискиот принц Бандар бин Султан, поранешен амбасадор во САД, кој ја изгради оваа голема ски колиба во 1991 година. 8. Кат во One57 за 50 милиони долари Милијардерот Лоренс Строу гради купи кат од новатазграда во Менхетен во септември за нешто помалку од 50 милиони долари. 7. Спрат во „One57“ за нешто повеќе од 50 милиони долари 80-тиот кат во луксузната зграда го купи модниот магнат од Хонг Конг, Силас Чу. 6. Два дуплекс станови на 740 Парк авенија за 52.5 милиони долари Основачот на „Oaktree Capital“, Хауард Маркс купи два соседни дуплекс апартмани во една од најпрестижните згради во Менхетн. Продавач беше Кортни Сел Рос - вдовица на шефот на „Time Warner“- Стив Рос. Вкупно тој ќе располага со над 30 соби во два апартмани. 5. Мезонет на Петтата авенија за 54 милиони долари Музичкиот продуцент Дејвид Гефен купи овој стан од Денис Рич. Се простира на површина од дури  1114 квадратни метри. 4. Стан во „Ritz Carlton“-до Централ Парк за 70 милиони долари Сопственикот на луксузни хотели и казина Стив Уин го купи овој стан во јули. Некогаш овој стан бил салата за балови во хотелот. Тој има 14 соби и површина од околу 1000 квадратни метри 3. Мезонет до Централ Парк за 88 милиони долари Рускиот милијардер Димитри Риболовев го  купи овој стан од поранешниот шеф на Ситигруп, Сенди Ваил. Олигархот го купил станот за да може да престојува неговата ќерка кога ќе го посетува Њујорк. 2. Мезонет во луксузен облакодер во Њујорк за повеќе од 90 милиони долари Повторно станува збор за зградата „One57“, која се уште не е завршена. Овој мезонет го зафаќа 89-тиот и 90-тиот кат. Купувачот е анонимен. 1. Ранч во Монатана за 132.5 милиони долари Милијардерот Луис Рамс го купи ранчот во ноември. Точната цена на трансакцијата не е објавена, но имотот беше огласен на 132. 5 милиони долари. Бонус!!! Хавајски остров за околу 500 милиони долари Ова не е имот туку цел остров ставен на продажба. Купувач е шефот на „Oracle“ Лари Елисон. Тој купи 98% од островот Ланаи во јуни. Цената не беше официјално објавена, но според неофицијални податоци за островот биле платени околу половина милијарда долари.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти