15 Мај, 2024
0.0300

Ford ќе инвестира 750 милиони евра во фабриката во Валенсија, Шпанија

Ford Kuga трето најпродавано Ford возило во Европа

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Ford Kuga е третото најпродавано возило во Европа по Ford Fiesta и Ford Focus. Поради ова, компанијата Ford одлучи да инвестира повеќе од 750 милиони евра во фабриката во Валенсија, Шпанија за да се направи новата генерација спортско возило Ford Kuga со средна големина.Во Европа за оваа година се продадени 126.900возила Kuga, што претставува зголемување од 22 отсто во споредба со истиот период лани.

Вкупната инвестиција на Ford во Шпанија, од 2011 година, изнесува околу 3 милијарди евра. Исто така, денес, околу 25 проценти од вкупниот број патнички возила продадени во Европа се СУВ, а Kuga опфаќа речиси половина од производството на возила во Валенсија.

„Главната инвестиција која изнесува повеќе од 750 милиони евра потврдува дека ова е вистинскиот начин за нашата посветеност на eдна од најважните фабрики за производство во Европа, која се наоѓа во регионот Валенсија. Сакам да се заблагодарам на националната влада во Мадрид и на регионот Валенсија за нивната континуирана поддршка и на нивната работа за одржување на поволна клима за бизнис инвестиции во регионот Валенсија“,вели Стивен Армстронг, претседател и CEO на Ford Европа, Источна Азија и Африка.

Со вработување на повеќе од 8.000 луѓе во сите свои сектори, новата инвестиција ќе ги обезбеди нивните работни места во Ford во Валенсија. Инвестицијата се базира на подобо менаџирање на трошоците и продуктивноста од страна на менаџерскиот тим, сојузните партнери и работната сила.

Произведувајќи возила од 1976 година, Ford Валенсија произвела повеќе од 12 милиони возила и 16 милиони мотори и со ова е врвен автомобилски извозник во Шпанија. Дополнително, во однос на Kuga како среден СУВ, Валенсија е единствен произведувач за моделите на Tourneo Connect и моделите на лесното комерцијално возило на Transit Connect, како и за целиот модел на Ford Mondeo, S-MAX и Galaxy моделите.

Валенсија прави повеќе таблички и возила по волумен од која било друга фабрика на Ford во Европа. Околу 90 проценти од производството на возила во Валенсија се извезува во повеќе од 75 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија