16 Мај, 2024
0.0257

Форбс: И жените си имаа свои омилени автомобили

Објавено во: Стил 17 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

И жените си имаат свои омилени брендови на автомобили. Според анкетата на списанието Форбс, ова се 10-те најпопуларни автомобили за жени... 10. Nissan Versa Почнува да се произведува во 2004 година. Може да се избира помеѓу верзија со 1.6 или 1.8 литарски мотор. Менувачот е рачен или автоматски-по избор. 9. Jeep Compass Џипот започнува да се произведува од „Chrysler“ во 2006 година. Има верзија со бензински или дизел мотор и повторно можност за избор на менувачот. 8. Nissan Juke Се произведува од 2010, а го има во варијанта дизел или пак бензинец. 7. Toyota RAV4 Се произведува од 1994 година и веќе се нуди четвртата генерација од возилото. Се склопува во Јапонија, Канада, Кина и Филипини. 6. Honda CR-V Компактниот џип се произведува од 1995 година. Во моментов на пазарот е четвртата генерација.И тој се склопува во повеќе земји како САД, Мексико, Јапонија, Канада, Индонезија, Тајланд, Англија и Кина. Сите модели имаат задна камера. 5. Hyundai Tucson Се произведува од 2004 година, а се составува во Јужна Кореја, Словачка, Кина, Индонезија, Тајван и Филипини.Има опција со автоматска кутија или со рачно менување на брзините. 4. Volkswagen Beetle Тоа е популарна германска економична кола. Официјалното име е „Volkswagen Type 1“, но ја нарекуваат Bug или Beetle, поради сличноста со бубачка. 3. Volkswagen Eos Овој кабриолет е произведува од 2006 година. Има опција со автоматски или мануелен менувач. 2. Nissan Rogue Се произведува од 2007 година. Има 2,5-литарски мотор I4 и моќност 170 коњски сили. 1. Volvo S40 Тоа е луксузен компактен модел од шведската марка произведен за првпат во 1995 година и во моментов се проадава втората генерација. Најмоќниот модел има 2.4D I5 мотор.