08 Мај, 2024
0.0248

Фондацијата и МПЦ платиле само една рата за црквата Св. Константин и Елена: Сега Ре-медика ќе чека на парите

Објавено во: Економија 28 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Само една рата им платиле на „Бетон“ фондацијата Св. Цар Константин и Македонската православа црква (МПЦ) за црквата која недоградена стои во центарот на Скопје и до ден денешен упорно тврделе дека немаат пари за да ја платат, дознава Фактор. Менаџментот на градежната компанија, како што веќе објавивме, во безизлезната ситуација, а во обид да ги исчисти долговите, сега ова побарување планира да и го префрли на поврзаната фирма ПЗУ Ре-Медика. Одлуката за префрлувањето на долгот које вкупно 4,4 милиони евра ќе се случи по усвојувањето од страна на акционерите на вонредното акционерско собрание закажано за 18 октомври. Фактор се обиде да добие коментар од МПЦ ОА, но митрополитот Тимотеј рече дека ова е работа на Скопската епархија. Таму денеска никој не креваше телефон.

Елица Јорданова, управител на Ре-медика за Фактор не даде подетално објаснување за случајот.  Потврди само дека има одлука за префрлање на долгот од Бетон кон Ре медика и дека се додека долгот не се исплати тие ќе бидат сопственици на црквата.

„Така е Ре-медика си купи црква. Бетон требаше да ја продаде таа црква а не да ги моли да плаќаат, вели Јорданова за Фактор.

Фактор прв објави дека кога акционерите на Бетон ќе ја усвојат одлуката, точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра) долг од фондацијата и МПЦ ќе бидат отстапени како побарување кон Ре-медика. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. Овој долг, како што знае јавноста е за изградбата на црквата Свети Цар Константин и Елена која „Бетон“ ја градеше во центарот на град Скопје.

„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница  РЕ – МЕДИКА  Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар Константин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година, стои во предлог одлуката.

Лани во ноември „Бетон“ побара да се отвори стечајна постапка затоа што не можеше да наплати 1,1 милион евра од фондацијата. 

Во декември 2014 година тогашната Влада предводена од екс премиерот Никола Груевски објави дека политичари, стопанственици, владици од Македонската православна црква – ОА,  учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, чие возобновување со повторна изградба почнало во 2012 година.

Инаку, црквата Св. Константин и Елена беше повод и за протести во главниот град.

За престојното акционерско собрание на „Бетон“ предвидено е да се донесат одлуки за продажба на недоградениот хотел во центарот на Скопје и за продажба на други два хотели, едниот во Дојран, другиот во Охрид.

Постапките за чистење на компанијата некои познавачи ги толкуваат како обид компанијата да стане поконкурентна и покомпетитивна, чиста, пред евентуални нови зделки.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување