Фон дер Лајен навлече гнев со објавата за загинати 100.000 украински војници

Објавено во: Свет 02 Декември, 2022
Бројни критики има за претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Таа денеска беше остро критикувана за видео пораката на Твитер во која изјави дека во Украина загинале „повеќе од 100.000 украински офицери“ и „20.000 цивили“, без да го наведе изворот. Потоа тој дел беше избришан.
Украинските власти тврдат дека имаат околу 13.000 загинати војници. Ова го кажа советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак.
„Вооружените сили на Украина досега изгубиле меѓу 10.000 и 13.000 војници во војната против Русија“, изјави денеска за украинската телевизија Подољак.
Минатиот месец, највисокиот американски генерал, Марк Мили изјави дека околу 100.000 руски и 100.000 украински војници биле убиени или ранети од почетокот на војната.
Можеби ќе ве интересира
Мандатот истекува во септември: Дали жена ќе го наследи Столтенберг на местото шеф на НАТО?

СЕ ПОЈАВИ ПРИ ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА И ГО СНЕМА: Ова е островот кој откри многу мистерии

Погледнете ја хит снимката на шеикот кој збесна поради Роналдо: „Му дадов 200 милиони, а тој само кажува...“ ВИДЕО

Се ближи ли крајот на пандемијата на коронавирусот?

БРУТАЛНА АЛБАНСКА БАНДА „ЗАВЛАДЕА“ СО БРИТАНИЈА - дилаат хероин, рекетираат, и се снимаат на социјалните мрежи
ЗА СТРУЈА 600 ЕВРА МЕСЕЧНО, КИРИЈА 1500! Србинот Драган раскажа како се живее во Норвешка

Слика која ја нашле на фарма ја продале за милионска сума

АКО СТЕ ВО ИСТАНБУЛ, ВНИМАВАЈТЕ: Можно се напади на места каде се шетаат западните туристи
