26 Април, 2024
0.0304

ФОКУС НА ДЕНОТ: Maкедонија горда на осмото место, политичарите честитаа

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Осмо место освои Тамара Тодевска на Евровизија, а Холандија е победник, 

За Македонија поени имаше од Португалија, Италија, Азарбејџан, Малта, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Русија, Германија, Исланд, Грција, Словенија, Летонија, Чешка, Данска, Франција, Финска, Хрватска, Полска, Унгарија, 12 поени од Велика Британија, Србија, 12 исто така од Албанија, Молдавија даде 12 поени, Швајцарија. 

Македонија 12 поени даде на песната која ја претставуваше Италија

Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил упати честитка до нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на Евровизија во Тел Авив, Израел.

„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!, напиша Заев на Фејсбук.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук и честиташе на Тамара Тодевска за освоеното 8 место на Евровизија. 

„Честитки за Тамара. Македонија вечна“, порача Мицкоски.

Шефот на државата, Стево Пендаровски го честиташе успехот на Тамара Тодевска на Евросонг и вети дека ќе се видат за да ги сподели впечатоците од настапот.

Тој порача дека тие се нашите победници и дека докажале дека секој вреди да се бори за своите соништа.

Медиумите во регионот пишуваат за историскиот успех на Македонија на Евровизија

„Србија даде максимален број поени на Македонија, Тамара Тодевска втора во финалето на Евровизија по гласовите на жирито“, пишува српски Блиц. 

„Северна Македонија победува на Евровизија“, е наслов кој се појави во повеќе српски медиуми. 

„Тотален пресврт! По гласовите од публиката настана хаос во Израел. Ова е победникот на Евросонгот, Србија го освои 17-то место“, пишува српски Курир

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас. 

Додаваат дека политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија. Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев беше фатен како бара мито по шемата – евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка.Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема. Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговорност за никого нема, уште помалку оставки. Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка. Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери. Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески. Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години. Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“