05 Мај, 2024
0.0251

Фокландите, борба за народот или за нафтата?

Објавено во: Анализа 13 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Минатата недела се одржа референдум со кој жителите на Фокландските Острови одлучија да останат дел од Велика Британија. За оние кои не се запознаени да кажеме дека овие острови се наоѓаат во Јужна Америка (нема ни потреба да ви објаснуваме колку се тие далеку од Велика Британија).

Ќе погодите дека Британците благодарение на моќта која ја имале во 19 век ги присвоиле овие острови кои до ден денеска не ги даваат. Во далечната 1982 година дури имаше и краток, но сериозен судир помеѓу Аргентина и Британија кој резултираше со 900 жртви на двете страни. Резултатот на тој судир е што Фокландите се сеуште под Британска управа. Британија тогаш ја имаше Маргарет Тачер за премиер и оваа војна и помогна да ја потврди својата репутација на железна дама.

Да се вратиме сега назад на референдумот. На Фокландите живеат само 3.000 жители од кои повеќето имаат Британско потекло. Па така за очекување е дека овие луѓе бираат да живеат под управа на Велика Британија. Од друга страна јасно е и дека Аргентина ги бара овие острови со оглед на тоа дека природно и географски логично е неа да и припаднат посебно во ова постколонијално време. Како и да е луѓето си решиле да си останат во Велика Британија и според големиот остров тоа треба да се почитува, а според Аргентина сето тоа е шарада на островјаните. На прва гледано овој спор делува економски апсурден. Зошто некој би сакал да штити колонија оддалечена илјадници километри, за која во случај на војна треба да потрошиш милијарди долари, за да добиеш ништо. Од друга страна нејасно е и зошто Аргентинците инсистираат на територија на која живеат потомци на Британците и која не им значи ништо на нив самите. Едно објаснување е дека Британија го почитува својот народ и спремна е да го заштити, па макар и да се наоѓал на најодалечената точка на светот. А ова посебно важи доколку таа точка е и Британска територија. И можеби е така,но... Проценките велат дека околу Фокландите има 60 милијарди долари на нафта. Сеуште недокажано, но со оглед на тоа дека владата на Британија која ја контролира оваа територија доколку ова тврдење се покаже како точно треба да инкасира скоро 170 милијарди долари на основ на даноци и други давачки, веќе ова станува интересна територија која вреди да се брани по секоја цена. Инаку само за споредба вкупните приходи од даноци во Аргентина изнесуваат 120 милијарди долари. Нафтата на Фокландите без дилема ја има, прашањето е само колку. Инаку во договор вреден 900 милиони долари две големи компании веќе работат на ескплатација на 300 милиони барели докажи нафтени резерви во басенот, околу Фокландите. Колку ќе најдат во наредниве години ќе покаже времето, во меѓувреме Британците ќе се држат до приказната за грижата на народот, а Аргентинците околу тоа дека тоа е нивна територија низ векови и векови.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад