04 Мај, 2024
0.1629

Фирма во САД нуди-висока плата, одмор и куќна помошничка

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Технолошките компании почнуваат да се стануваат мошне креативни со бонусите за своите вработени и тие водат сметка во животот на работниците и надвор од канцеларијата. „Evernote“ е компанија која овозможува пристап до податоци, фотографии и слично, од било кој уред и е вреднувана од страна на инвеститорите на 1 милијарда долари. Минатата година, компанијата почна на своите вработени да им го дава најдобриот бонус досега. Имено, два пати месечно, 250-те вработени добиваат чистење на нивните куќи на сметка на „Evernote“. Идејата доаѓа од сопругата на извршниот директор на компанијата Фил Либин. „Среќните вработени создаваат подобри производи“ , вели Либин оправдувајќи ја својата одлука. Тој исто така на своите вработени им дава по 1000 долари годишно за да имаат вистински одмор и да отпатуваат некаде.