ФИНСКА ГО ПОДДРЖУВА МАКРОН: Можно е во иднина да испратат трупи во Украина
Објавено во: Свет 31 Март, 2024
За Финска е прифатливо испраќање на трупи во Украина.
Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави дека не е исклучена можноста за испраќање странски војници во Украина во иднина, иако таа потенцираше дека „во моментов нема потреба од тоа“. Валтонен го кажа ова во интервју за Фајненшл тајмс.
Валтонен, всушност вели дека францускиот претседател Емануел Макрон ја направи вистинската работа кога ја натера Русија да се праша кои би можеле да бидат границите на западната поддршка за Украина.
„Сега не е време за испраќање војници во Украина, ние дури и не сме подготвени да разговараме за тоа во оваа фаза. Но, на долг рок, се разбира, не треба ништо да исклучуваме“, изјави министерката.
Макрон неодамна изјави дека евентуално распоредување на западни сили во Украина „не може да се исклучи“. Неколку земји, кажа дека оваа опција не треба да се исклучи. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.