28 Април, 2024
0.0240

Филмскиот фонд ќе финансира филмови до 1 милион евра

Објавено во: Стил 22 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Новиот Закон за филмски фонд ќе придонесе за подобар начин на финасирање и за охрабрување на приватниот сектор да влезе во оваа дејност исто така ќе биде стимул за снимање на повеќе филмови во Македонија. Ова го истакна денеска премиерот Никола Груевски, нагласувајќи дека измените на Законот ќе значат нов момент во индустријата за филм што филмските работници ќе го почувствуваат уште идната година. „Со новиот Закон за филмски фонд кој се донесе пред неколку месеци и треба да стартува на 1 јануари идната година износот кој може да се даде за еден филм се зголемува од досегашните 500.000 на 1 милион евра. Со него се уредува прашањето што е филм со национална вредност и се дава стимул приватниот сектор повеќе да влезе во филмската индустрија. Се предвидува враќање на 20 отсто од средствата што ги вложил приватниот сектор, односно што ги потрошиле во Македонија, откако ќе заврши снимањето на филмот, појасни Груевски. Тоа, според него, ќе биде стимул во земјава да се снимаат и странски филмови, бидејќи на странските продуценти 20 проценти од вложените средства во Македонија ќе им се вратат.

Тој посочи дека со измените Филмскиот фонд ќе прерасне во Агенција за филм, која освен Управен одбор ќе има и Совет за филм и ќе се уредат многу работи кои досега не беа уредени.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти