19 Мај, 2024
0.0300

Филипче: Вакцинацијата против Ковид-19 една од најголемите логистички операции на здравствениот систем

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче реле дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе биде една од најголемите логистички операции на македонскиот здравствен систем и веќе се работи на групите на граѓани за кои ќе има препорака да ја примат оваа вакцина.

„Вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведе здравствениот систем, за што веројатно ќе ни треба помош и од други сектори - да се примат вакцините, соодветно да се чуваат, да се транспортираат, дистрибуираат до местото каде што ќе се аплицираат на лицата кои претходно ќе бидат селектирани како ризични групи што треба да ја примат вакцината, и ние веќе на ова поле сериозно работиме“, рече Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додава дека се ангажирани сите економски оператори за чување и дистрибуирање на вакцините, кои изразиле подготвеност и согласност да го поддржат овој систем.

„Искомуницирани се сите вакцинални пунктови и една американска фондација. Добивме помош со фрижидери со температура до – 70 за вакцината „Фајзер“ единствена којашто е на таа температура, но ние мора да обезбедиме услови и за таа вакцина. Така што сметам дека во делот на прием, во делот на чување на вакцините, дистрибуција до местата каде што ќе бидат аплицирани веќе планот е спремен, но многу веројатно е дека во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа ќе изгледа.“- наведе министерот.

Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, а за што ќе биде организирана и обука, но не очекува сите 400.000 нарачани вакцини да пристигнат одеднаш.

„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат заради тоа што првите количини, тоа е суштината на Ковакс механизмот ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се да тоа најнапред бидат дравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите. “ вели министерот.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места