Филипче: Утре е закажана првата екстракција на плазма
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Април, 2020
Пациентите кои денес починале имале и претходни заболувања, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Починаа 4 лица во изминатото деноноќие.
Направени се 298 тестови за 24 часа, при што има 13 новозаразени.„18 се до потешка клиничка слика, а 5 се на механичка вентилација“, рече министерот за згрижените на Инфективната клиника.
Центарот за јавно здравје Велес, утре ќе добие нов директор поради направените пропусти во работењето.
Утре е закажана првата екстракција на плазма, рече министерот.
Филипче повика да се почитува мерката за носење на заштитни маски.