02 Мај, 2024
0.0279

Филипче: Предложивме полицискиот час за времето на викендот да почнува од 19 часот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска се регистрирани 20 оздравени пациенти, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Има и еден починат пациент од Тетово на возраст од 61 година. Тој починал во болницата „8-ми Септември“. 

Направени се 242 тестрирања во последните 24 часа и се потврдени се 14 нови случаи на Ковид 19. 

Сега имаме 1.586 дијагностицирани од почетокот на епидемијата во Македонија. 

„Предложивме полицискиот час за времето на викендот да почнува од 19 часот и трае до 5 часот следниот ден и тоа како предлог ќе го дадеме на седница на Владата, што ќе започне во 16 часот“, рече министерот. 

За собирот во Струга, вели дека е чин кој претставува непочитување на здравствените работници кои се трудат побрзо да излеземе од кризата. 

Тој повика прекршителите да бидат санкционирани и да има резултати. 

Филипче на верските лидери им порачал дека мора да се внимава и да нема групирања. 

„Секое неодговорно однесување ќе не врати на почеток“, кажа Филипче. 

Повика да се држи дистанца од најмалку 2 метри, да се носат маски, и да нема групирања. 

13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи донеле одлука џамиите да бидат отворени за молитви од вторник, односно од 12. мај. 

Од ИВЗ велат дека намалувањето на бројот на заразени со Ковид-19 е добар услов за да донесат ваква одлука.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање