18 Мај, 2024
0.2399

Филипче пред зимското загадување: Можно е ПМ честичките да го пренесуваат коронавирусот

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Затоа рече дека како ќе се менуваат околностите така и ќе се носат идните одлуки и препораки. Вели дека засега нема знаци дека треба да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција.ниту пак целосен карантин.

Филипче рече дека бројот на новодијагностицирани по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу десет проценти од вкупниот број направени тестови.

„Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење  на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Според него, првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки, го најавиле ограничувањето на јавните собири, односно целосната забрана во некои општини, региони каде што ќе сметаат дека бројките и начинот на пренос укажува дека има начин на трансмисија на  вирус што треба да се запре со таков начин на рестрикција.

Потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада