Филипче: Овој тежок период има крај
Објавено во: Македонија 20 Април, 2020
Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме. Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста, напиша министерот Венко Филипче на фејсбук.
Претходно во денот беше објавено дека
Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти. Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19.