Филипче: Да седиме дома, надвор на растојание и со опрема
Објавено во: Македонија 26 Април, 2020
Министерот Венко Филипче повтори денеска дека граѓаните треба да се внимателни и да држат растојание.
„Мора да продолжиме да внимаваме, да седиме дома, да држиме растојание и да носиме заштитна опрема. Да бидеме одговорни, да се заштитиме себе и нашите најблиски.
Добрите резултати се заслуга на секој граѓанин кој останува доследен, ги почитува мерки и го штити јавното здравје, пишува Филипче.