17 Мај, 2024
0.0374

ФИЛИПЧЕ: Ако овозможува законот, директорот на ЦЈЗ, Арбен Зибери ќе биде сменет уште денеска

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Откако директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, се пофали дека како член на Комисијата за заразни болести помогнал за отворањето на границите, без да се правата ККовид-тестови и мерка карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да гласаат на изборите на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче најави дека станува збор за евтина и лоша предизборна политика која никому не оди во корист.

-Ја прочитав изјавата, прво да кажам дека е апсолутно невистина, директорот Зибери не е член на Комисијата, ова сметам дека е предизборна реторика и тоа евтина и лоша и ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче, додавајќи дека Комисијата постојано работи единствено врз основа на медицинските индикатори.

Инаку, Зибери денеска со пост на Фејсбук ги повика иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер.

-Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер, вели Зибери.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник