16 Мај, 2024
0.3249

ФИКТИВНИ АДРЕСИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА БУГАРСКИ ПАСОШИ: Maкедонци заведени дека живеат во Софија, Ќустендил, Благоевград

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Македонците кои земаат бугарски пасоши, се заведени дека живеат на фиктивни адреси во соседна Бугарија, во Софија, Ќустендил, Благоевград или некоја друга општина.

Има случаи каде луѓе кои не се во никакво сродство се запишани дека живеат на иста адреса. Посредниците за добивање на бугарски пасоши велат дека најголем дел од адресите се во Софија и Ќустендил.

„Тие адреси се фиктивни и на една адреса како жители се запишани повеќе луѓе. Мал дел од Македонците кои поседуваат имоти во Бугарија се заведени на тие адреси. Некои пак се водат дека живеат кај роднини или пријатели во Софија“, вели посредник за бугарски пасош од Западна Македонија.

Тој додава дека имало случаеви каде и мали деца на возраст од 2-3 години, добиле бугарски пасош, со цел целото семејство да замине во странство. Објаснува дека процедурата за добивање на бугарски пасош чини до 800 евра, а се чека три години. Пасоши се даваат исклучиво на Македонци, додека припадниците на помалите етнички заедници од земјава многу потешко можат да добијат пасош, што не било случај до 2015 година. И во време на пандемија, интересот за вадење на бугарски пасош е ист како и претходните години, вели нашиот соговорник.

Друг посредник од Источна Македонија исто така потврдува дека најголем дел од Македонците имаат адреси во бугарската престолнина.

„Доколку некој нема адреса, добива службена адреса во Софија, а има и други македонски граѓани кои да речеме живеат во Охрид, Кичево, Струга, а платиле за да добијат адреса во Петрич, Благоевград или друго место. Тоа е работа на договор во текот на постапката“, објаснува посредникот.

Посредниците се сложуваат дека и во иднина ќе има интерес за пасоши, а на Бугарија и одговара да дели пасоши на овој начин.  Во Бугарија се споменуваа различни бројки. Имаше тврдења дека бројот на македонски државјани кои поседуваат бугарски пасоши се движи од 88.000  до 120.000. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање