15 Мај, 2024
0.0303

ФФМ со капитален проект во 2015: Битола, Прилеп, Тетово и Штип со модернизирани стадиони

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Фудбалската федерација на Македонија како една од централните свои активности за 2015 година го носи и мега проектот за реконструкција и модернизација на стадионите во четири домашни фудбалски центри, Битола, Прилеп, Тетово и Штип.

Од поодамна кај нас добро е познато дека „рак-рана“ на елитниот фудбал е и инфраструктурата која и тоа како има влијание на генералниот впечаток за квалитетот на фудбалската игра. Токму поради тоа ФФМ огромно внимание во 2015 година ќе посвети на подобрување на инфраструктурата поради што веќе има договор, во соработка со Локалните самоуправи, за реконструкција на стадионите во четирите спомнати града.

Како што е познато претходно беше официјализиран договорот со општина Битола за реконструкција на „Тумбе кафе“, а наредниот период истото ќе се случи и со Прилеп, Тетово и Штип. ФФМ во проектот се вклучува со изградба на терените како и комплетен систем за осветлување на стадионите, а општините ја превземаат одговорноста за реконструкција на трибините и покривање на истите.

„Станува збор за проект на УЕФА од програмата ’Хет-трик четири’. На стадионите во овие четири града ќе има комплетна изградба на терените со најмодерна подлога изработена согласно најсовремената технологија, како и поставување рефлектори. Со тоа што општините ја превземаат обврската за изградба на една трибина со три до пет илјади седишта и покривање на истата“ – вели за ЕКИПА, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски, дополнувајќи дека сето тоа е само во насока за подобрување на квалитетот на фудбалот и како еден значаен чекор за привлекување на навивачите на трибините.

„Со овој проект кој треба да биде реализиран во 2015 година сакаме да создадеме основни услови за нормален фудбалски натпревар. Стадионот мора да биде пристојно место за секој фудбалски навивач. Добар дел од навивачите на стадионите ги губиме и поради катастрофалната инфраструктура. Долги години никој не размислуваше околу тоа, па затоа со сите сили се впуштаме во овој проект за добивање модерни стадиони и во овие четири града. Секако, од друга страна, не треба да се нагласува колку е поразличен впечатокот кога натпреварот се игра на добар терен и пред полни трибини. Сето ова, во комбинација со новиот систем за натпревари, го правиме како би добиле повисок квалитет на фудбалот.

Не веднаш, но сето тоа за некоја година ќе донесе сериозни резултати“ – нагласува Ѓоргиоски.

Во Битола, општината планира и реконструкција и доизградба на стадионот со капацитет од 12.000 седишта, како дополнение на донацијата од ФФМ за теренот и системот за осветлување, а во Тетово согласно предвидениот план се планира комплетно реновирање на подтрибинскиот простор кај сите трибини, како и на соблекувалните и службените простории. Во меѓувреме се финишираат и игралиштата со вештачка трева кои ФФМ ги гради во Струмица и во Кратово.

Токму поради зафатите кои ги очекуваат стадионите од Битола, Прилеп, Тетово и Штип следната година, во одреден дел клубовите кои настапуваат во домашните натпреварувања од овие градови ќе мора да бараат и алтернативни решенија каде би ги играле своите натпревари.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година