Добивај вести на Viber
Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци денеска го организираше третиот по ред Фестивал на младо вино.
- Целта на настанот е да се проба младото вино на винаријата и да се оцени неговиот потенцијал. Тоа е дел од нашата определба за подигнување на винската култура во Македонија преку популаризација на нашето вино баш на овој посебен ден. Денот е симболичен затоа што третата недела од ноември обично важи како ден кога се отвараат бочвите и имаме единствена можност да го пробаме виното и нормално стручните лица дополнително да го оценат неговиот потенцијал, вели директорот на „Тиквеш“ Игор Илиевски.
Енолошки тим винарската визба веќе има одредени оценки и заклучок на раководните лица во Тиквеш е дека генерално бербата е оценета како одлична, а вината со одличен потенцијал. Денеска се дегустира младо вино кое не е сеуште наменето за продажба.
- Оваа година сакаме да ги промовираме таканаречените четири звезди или четирите најдобри вина кои имаат најдобар потенцијал во моментов. Тоа се темјаниката и шардонето од белите вина и вранецот и мерлото од црвените, вели Илиевски.
Годинава винаријата направи сериозни поместувања напред при продажбата во скандинавските земји, а нов потенцијален пазар е американскиот пазар.