12 Мај, 2024
0.0240

Фејсбук почна да наплатува за пораки!

Објавено во: Стил 08 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Социјалната мрежа „Фејсбук“ во Британија почна да наплатува за испраќање пораки на славните личности. Според последните промени околу 10 фунти чини испраќање пораки на лица кои не се наоѓаат во нивниот круг на пријатели, пренесуваат британските медиуми.

Ваквата наплата Фејсбук ја воведува со цел да спречи „спам“ пораки, а корисниците ќе плаќаат за контактирање со познатите личности или кој било што не им е пријател или пријател на некој од нивните пријатели.

Протоа, корисниците ќе плаќаат од 70 пени до најмногу 10 фунти. Системот за наплата работи на алгоритам што пресметува колку следбеници има некоја позната личност на Фејсбук.