Добивај вести на Viber
Воцепремиерот за економски прашања,Фатмир Битиќи, го осуди вчерашното апсење на новинарот Фуркан Салиу, кој според МВР и актуелниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски, инаку кадар на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикал инцидент со напад на полицаец на фудбалски натпревар, а при тоа во автомобилот му бил најден пиштол.
„ВМРО – МВРО никогаш повеќе! Пред неколку дена ВМРО беа фатени со лажни анкети и ширење на лажни вести. Денеска ВМРО – МВРО го уапси Фуркан Салиу, новинарот кој ги разоткри. Што е следно?
Да тепаат студенти во библиотека? Да влезат насилно во Собрание ако не им се допаднат изборните резултати? Да прислушуваат илјадници граѓани? Да направат војна? Нов Мартин Нешковски? Нов Кежаровски?
Режимот на ВМРО-МВРО денеска повторно го гледаме на дело! Мораме да бидеме будни и одлучни во нашата решеност да се спротивставиме на секое враќање на тиранијата и угнетувањето на наследниците на Груевски, кои сега се вдомени во Белата палата на најбогатата партија во Европа“, гласи дел од реакцијата на вицепремиерот.
Салиу доцна синоќа беше пуштен од полицска станица, а тој рече дека на нисколигашкиот натпревар присуствувал затоа што „знаел дека ќе има нереди“ и дека сакал да одбрани навивач кого го нападнала полицијата.