16 Мај, 2024
0.0273

Фатен вториот напаѓач во Белгија, имало предупредување до Франција

Објавено во: Свет 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Вториот припадник на Исламска држава кој учествуваше во вчерашниот напад врз полицајци во Париз е фатен од белгиската полиција откако и се предал, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи.

„Лицето по кое белгиските власти распишаа потерница се предало во полициската станица во Антверпен“, изјавил за АФП портпаролот на француското МВР, Пјер-Арни Бранде.

Француската полиција претходно издаде налог за апсење на вториот осомничен за терористичкиот напад во центарот на Париз, во кој загина еден полицаец, а двајца се тешко ранети.

Во налогот за апсење пишува дека осомничениот за нападот во Франција пристигнал со воз од Белгија. Претходно полицијата објави дека во нападот учествувале најмалку двајца напаѓачи и дека еден од нив бил убиен.

Според медиумите, повикувајќи се на белгиски разузнавачки извори, еден од напаѓачите бил означен како екстремист. Инаку, во четвртокот белгиските безбедносни служби ги информирале француските колеги дека Јусуф ел Осри тргнал од Белгија кон Париз.

Терористичкиот напад се случи во близина на плоштадот Конкорд и Триумфалната порта, најпозната туристичка атракција на Париз.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“