01 Мај, 2024
0.2091

Фалсификатите ќе се делат на социјални случаи, а опозицијата стравува да не одат за избори!

Објавено во: Економија 10 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Облеката и обуквите што царината ги запленува како фалсификат, наместо да бидат уништени сега ќе ги добиваат приматели на социјална помош, семејства чиј вкупен месечен приход не надминува 1,5 минимална плата, утврдена за минатата година, како и семејствата од места кои се погодени од некаква елементарна непогода. Ова е предвидено во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, кој од вчера веќе е во собраниските комисии.

Сепак, за да може државата да им ги даде запленетите обувки и облека на социјално загрозените, ќе мора да добие согласност од застапникот на трговската марка која е фалисфикувана. Тоа значи дека, ако на пример Царината заплени фалсификувана облека на Адидас, во таков случај Адидас ќе треба да даде дозвола таа облека да заврши кај социјално загрозените, наместо да се уништи. Ако нема согласнот од трговската марка, тогаш запленетата стока ќе мора да биде униптена, и не ќе може да заврши кај социјално загрозените, објаснуваат од Царината.

„Откако ќе се добие таа согласност, потоа  ќе треба да се извадат и ознаките на трговската марка, и сето тоа се прави во присуство на претставници на Царината и во присуство на претставници на трговските марки, вели за Фактор Ванчо Каргов, директор на Царинската Управа.

Според постоечките закони, за уништувањето на запленетата стока сега плаќаат претставниците на трговските марки чија стока е фалсификувана. Сега со измените на Законот доколку претставниците на трговската марка се согласат стоката наместо да биде уништена да се подели на социјалците, тогаш трошоците ќе ги сноси државата.

Но, исто така облеката што ќе се дава, ќе може да биде и маркирана како знак дека е донација, што исто така ќе биде уште една гаранција дека нема да се најде на пазарот во промет. Освен ова облеката и обувките пред да завршат кај социјално загрозените категории, ќе бидат тестирани од страна на надлежните институции за да се види од каков материјал се направени и да се гарантира нивната безбедност.

Марјанчо Николов од опозициската СДСМ, вели дека тие ќе ги поддржат предложените измени, но напоменува дека преку амандмани ќе побараат допрецизирање на текстот.

„Едно од барањата за допрецизирање ќе биде да не може таа фалсификувана стока да се дели за време на изборна кампања. Тоа ќе мора да биде прецизно дефинирано со измените на Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална злоупотреби, вели Николов. Исто така, додава Николов, ќе мора да се прецизира и  кои ќе бидат институциите што ќе можат да ја делат таа фалсификувана стока за да не се случи злоупотреба.

Минатата година Царината запленила околу 90 илјади парчиња облека и обувки.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?