17 Мај, 2024
0.1076

Фактор од Републиката - Како Тетово се справи со КОВИД-19 пандемијата?

Објавено во: Македонија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Првиот тетовец заболен од КОВИД без извод на умрени, ни траг ни глас од историјатот на болеста која е закопана заедно со пациентот. И по четири месеци се уште е непознаница како и каде ги развил симптомите, како настапила смртта, за првиот евидентиран пациент со корона вирусот во овој регион.

„Доаѓа татко ми дома, развива поголеми симтоми како гушење и слично. Го контактиравме матичниот лекар и ни даде упаство како понатаму и баравме Брза помош да го земат. Тие најпрвин не сакаа, но, по подолго убедување дојдоа кај нас и ниту еден не носеше соодветна заштита. Потоа тој вечерта е префрлен на Инфективна и состојбата малку му се стабилизира. Утредента на 25 март во 13 часот ни велат дека е негативен, за во 17 часот да кажат дека е позитивен и никој не даде одговор како се сменил резултатот. Татко ми останува на Инфективна, здравствените документите остануваат со него потоа состојбата му се влошува и починува на 5 април. Ги побаравме документите, но одговорот е дека документите биле закопани со него дека биле контаминирани. Иако помина доста време се уште не можам да извадам документи дека мојот татко починал до корона. Усно ми имаа кажано, имам одредени отпусни писма кои ни се предадоа, но самата постапка околу неговото лечење ја немаме и сега не можеме да извадиме извод на умрени, вели Наташа Апостоловска.

Таа смета дека доколку нејзиниот татко бил на правилен начин третиран можеби би се спасил, но сигурно тие не би биле заразени.

„Најголема трагедија е што нити ние ниту мојот татко немаме соодветни документи дека сме биле заразени од корона, нас практично телефонски не известија дека го имаме вирусот, и ни наредија да седиме во изолација“, додава Апостоловска.

Многу семејства како Апостоловски во полошкиот крај се соочија со овој тежок вирус, но и покрај високите бројки многу од граѓаните не ги почитуваат мерките.

Многумина не носат маски. Гужви и редици, пред банки и институции. Заразените ги кријат конктактите на епидемиолошките анкети.

-Ако имате било каков симптом не е тешко да се јавите на лекар и она што е најважно е да се избегнуваат собири. Не е оправдување дека ако сте во двор и имате десетици луѓе, дека тоа не се собири, пак се собири. Значи тие собири не треба да се намалат и да се сведат на минимум, туку тие собири треба да се сведат на нула, вели специјалистот по семејна медицина д-р. Светлана Трифуновска.


Поднесени се над 7.000 прекршочни пријави против лица кои не носеле маски. Има и такви кои не носат никаква заштитна опрема дури и во затворени простории, но и во јавниот превоз.

Од кризните штабови на општините од полошкиот регион, велат дека во последно време се евидентираат лица кои имаат решенија за изолација, но ги напуштаат своите домови. Се организираат свадбени церемонии со повеќе од 50 лица спротивно на препораките, а семејните собири се честа пракса во полошкиот регион. Од Секторот за внатрешни работи Тетово, велат дека вршат контроли покрај домовите каде луѓето престојуваат со издадени решенија за изолација.

Полицијата казнува, но свесноста никаде ја нема, велат оттаму.

„Јас апелирам граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки подобро е нешто да се спречи отколку да се лечи. Се работи за наша безбедност и безбедноста на нашите најблиски“, изјави Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.

Тетовци велат дека граѓаните премногу се опуштиле. Ретко кој носи маска. Бадијала полицијата казнува, ако народот нема совест и свест и не се грижи за своето здравје и здравјето на своите најблиски.

-Тука е башибозук, ретко кој носи маски. Мислам дека и да има построга контрола и казни поголеми од полицијата, граѓаните ќе бидат како и сега и така ќе се однесуваат. Еве сега излегов од пошта големи гужви се и тие кои подигаат ваучери пред банките и таму е катастрофа, вели еден жител на Тетово.

Економските експерти сметаат дека државата избрзала со финансиската помош, небаре како короната да завршила. Премногу се задолжи без да размисли во кои сектори дава пари и дали и понатаму ќе треба да се задолжува и на крајот како ќе ги врати парите.

„Мислам дека државата премногу пари даде на фирмите за краток период, државата не може да издржи повеќе да и помага на економијата, ако имаме полоша варијанта од есен, не знам како ќе се помогне на економијата со кои пари“, истакна Гадаф Реџепи Универзитетски професор по економија.

Информациите на Кризниот штаб на Општина Тетово велат дека на удар се малите и средните претпријатијаво полошко, затоа што тие директно се поврзани со потребите на граѓаните кои се во лоша економска состојба, не користат такси превоз, ретко ги посетуваат угостителските објекти, не користат услуги, не трошат пари по трговските центри, а поради незивесноста некои оставаат пари и на страна. Новата влада откако ќе се формира веднаш треба да размисли за нови сет мерки за спас на фирмите.

„Сите бројки покажуваат дека последиците се големи, особено за оние фирми кои даваат услуги“, истакна градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Од почетокот на пандемијата 1.170 се заразиле со КОВИД-19 во Полог. Во тетовскиот регион за жал досега починаа над 80 луѓе. Сега о,а мад 400 активни случаи, а 915 се оздравени.

Зоран Димовски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање