ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност
Објавено во: Македонија 20 Април, 2025 21:53
ВЕРНИЦИТЕ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН
Православните верници денеска го слават празникот Велигден. Помладите одат на семеен ручек кај постарите. По долгиот пост денеска се јаде мрсна храна. На трпезата задолжително има и црвени јајца, кои ја симболизираат Исусовата крв, но има и јајца во други бои. Етнолозите забележале дека во различни делови од Македонија има некои мали разлики во однос на обичаите. На Велики Четврток се подготвуваат првите јајца во црвена боја и нив домаќинките обично ги чуваат до идната година.
ПОЛИТИЧАРИТЕ ГО ЧЕСТИТАА ПРАЗНИКОТ
Mинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека е во Чикаго.
Таа упати честитка по повод Велигден.Премиерот Христијан Мицкоски го честита Велигден на верниците.
„Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество“, вели тој.OРУЖЈЕТО НЕ МИРУВА ВО УКРАИНА
На фронтот во Украина, нема мир и за празник. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија на Велигден извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина. Ова е состојбата до 16 часот, според извештајот на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.
Зеленски на социјалните мрежи напиша дека денеска руските сили употребиле 400 дронови за напади врз Украина. Украинскиот претседател изјави дека руските сили го прекршиле велигденскиот прекин на огнот во регионот на Доњецк и во областа Курск во Русија. Рускиот претседател претходно најави прекин на огнот за Велигден, но според украинската страна тој тоа не го почитува.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




